Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа уште една многу значајна победа во рамките на квалификацискиот турнир што се одржува во Драч, Албанија.
Во второто коло на квалификацискиот турнир, Македонија славеше минимална победа против Косово со 2:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Избраничките на Катерина Милеска имаа негатива од еден погодок, но успеаа да направат комплетен пресврт и да остварат победа, со која се искачивме на првото место во групата.
Во првото коло ја совладавме селекцијата на Албанија, домаќинот на овој турнир со убедливи 5:2.
Селекцијата на Косово одлично го започната натпреварот. Паци рано уште во 7. минута донесе предност за својот тим. Митковска најпрво во 35. минута погоди за израмнување на резултатот, а во 45 стрелаше за предност и победа на Македонија со 2:1.
На 24. октомври во последното коло играме против репрезентацијата на Молдавија.