Дома Фудбал Репрезентации Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два пријателски натпревари со Кипар

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два пријателски натпревари со Кипар

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни меча против соодветната селекција на Кипар.

Контролните дуели ќе бидат одиграни на стадионот на ФК Турново, во Турново.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот натпревар го играме на 4. септември во 16:30 часот, додека втората контролна пресметка е закажана на 6. септември, во 16.30 часот.

Селекторот на младата женска селекција на Македонија, Астрит Мерко се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Берна Кабакчи (Бергх, Холандија), Кристина Павлоска (Кул);

Одбрана: Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Миа Головска (Скопје), Матеа Блажеска (Скопје), Ефимија Цунева (Тиверија);

Среден ред: Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ера Стеблева (Ас Јунајтед), Михаела Настевска (Деспина), Сара Мена (Ас Јунајтед), Ива Здравеска (Кул), Никита Стојчевска (Розенгард, Шведска);

Напад: Ивана Кузманоски (Англија), Еда Далипи (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (Гпсо 92, Франција), Билјана Панеска (Тиверија), Веса Села (Ас Јунајтед), Јехона Велиу (Грасхопер, Швајцарија), Ајна Исејни (Цирих Фрауен, Швајцарија), Симона Мејиер (Кул);

Собирот на женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе биде во хотел Истатов, Нов Дојран, во периодот од 1 до 7 септември.

Астрит Мерко, селектор на селекцијата на Македонија до 19 години:

„Овие подготовки и контролни наптревари против Кипар се од голема важност, треба да работиме напорно оваа недела, се со цел што е можно подобро да се подготвиме за квалификациите што не очекуваат во октомври. Се надевам дека на овој собир и квалификациите во октомври ќе успеам да го имам најдобриот состав на располагање. 

Кипар е одличен противник, ги познаваме добро нивните квалитети, минатата година успеавме да славиме победа над нив со 4:2 во Белорусија. Очекувам постепено да ја креваме нашата форма, верувам дека во октомври ќе бидеме целосно подготвени и во најдобар состав за квалификациите.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…