Натпреварите на Копа Америка која ќе се одржува следниот месец за првпат ќе ги судат и жени, објави КОНМЕБОЛ.
Копа Америка ќе се одржува од 20-ти јуни до 14-ти јули, а домаќини се Соединентите Американски држави.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На турнирот ќе има 101 судија вклучувајќи и осум жени. Правда на Копа Америка ќе делат: Едина Алварез од Бразил, Марија Викторија Пенсо од САД, Татијана Гузман од Никарагва, Неуза Бак од Бразил, Мари Бланко од Колумбија, Мигдалиа Родригез од Венецуела и уште две Американски Брук Мајо и Кетрин Несбит.
„Ова е важна обврска која КОНМЕБОЛ ја презема во 2016 година“, стои во соопштението од оваа организација.