Дома Фудбал Е ова е ФЕР-ПЛЕЈ: Му дозволија на противникот да изедначи во судиското продолжение и тоа – во финале! (Видео)

Е ова е ФЕР-ПЛЕЈ: Му дозволија на противникот да изедначи во судиското продолжение и тоа – во финале! (Видео)

Сигурно еден од најневеројатните фер-плеј потези иако се работи за младински категории.

Во финалето на еден турнир во Белгија играа белгискиот Унион Сент и англискиот Летерхед (У15), а домаќинот му дозволи на противникот да погоди за изедначување и тоа во судиското продолжение.

За што се работи?

Имено, еден фудбалер на Латертхед се повреди, топката беше исфрлена надвор од теренот. Белгијците потоа ја вратија топката на противникот, но еден нивни играч не сфати што се случува.

Трчаше по топката и изнуди корнер после кој постигнаа гол за 1:0 во самиот финиш. Кога сфатија што направија, фудбалерите на Унион им дозволија на Англичаните да тргнат од центарот и да го изедначат резултатот.

Сепак, на крајот го освоија трофејот славеа со 6:5 после изведувањето на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл губи чекор, а играчите бараат појасни насоки од Јајсле

По домашниот пораз од Евертон со 0-1, се појавија информации дека дел од фудбалерите на Њу…