Дома Фудбал Останато ЕУ даде став за Суперлигата:Може да постои, но надвот од ФИФА и УЕФА

ЕУ даде став за Суперлигата:Може да постои, но надвот од ФИФА и УЕФА

Европската фудбалска Суперлига денеска доби нов удар со што значително се намали можноста за формирање посебно натпреварување во кое би учествувале само најголемите и најбогатите клубови во Европа.

Имено, Суперлигата е слободна да формира сопствено натпреварување, но таа не може да егзистира под капата на ФИФА и УЕФА без претходно овластување од две организации.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Додека Европската Суперлига како компанија е слободна да создава сопствено независно фудбалско натпреварување надвор од еко-системот на УЕФА и ФИФА, истовремено по создавањето на тоа натпреварување не може да продолжи да учествува во фудбалски натпревари организирани од ФИФА и УЕФА без претходно овластување од овие федерации“, велат од ЕУ.

Мислењето на генералниот советник доделен во овој случај, Атанасиос Рантос, не е обврзувачко, но Судот на правдата на Европската унија проценува дека неговите судии ја следат линијата на овие претходни мислења во приближно 80% од случаите. Треба да биде утврдено дали ФИФА и УЕФА ја злоупотребиле својата доминантна позиција во европските фудбалски натпреварувања со блокирање на создавање на алтернативен турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кој клуб ќе го води Анчелоти после Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој има договор со „кралевите“ до летото 2026 год…