Серхи Роберто ја доби честа да биде нов капитен на Барселона отакако тимот летово го напуштија Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Роберто е продукт на младинската школа на Каталонците и дефинитивно е вистинскиот избор за капитенската лента. Сега како капитен на тимот со последната изјава ги разгори надежите на кај навивачите за враќање на Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со Нејмар разговарав за негово враќање, но не сакам да откривам детали затоа што секој разговор е приватен. Можам да ви кажам дека би бил премногу возбуден ако се врати. Сигурен сум дека би добиле многу со неговото доаѓање по заминувањето на Дембеле, сепак не сум јас тој кој одлучува. Ќе видиме како ќе се заврши се“, изјави Роберто.
Треба да се истакне и дека Нејмар не е во составот на ПСЖ за денешниот натпревар против Лориент што дополнително покажува дека нешто навистина се случува.