Дома Фудбал Останато Еуфорија во Истанбул: Се договоривме со Жозе, ќе потпише на три години!

Еуфорија во Истанбул: Се договоривме со Жозе, ќе потпише на три години!

Жозе Мурињо пред неколку дена најави дека ги слушнал сите понуди да се врати на фудбалот и наскоро ќе соопшти каде ќе ја продолжи кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


 Ако судиме според последната изјава на потенцијалниот кандидат за претседател на Фенербахче на овогодинешниот избор, Азиз Јилдирим, Муруњо е многу блиску до промоција во истанбулскиот гигант.

Јилдирим тврди дека се договорил со Мурињо да потпише договор на три години.

„Доаѓам во клубот за да станеме шампиони. Со Мурињо раговарав два часа и ги договоривме условите. Ако се биде како што треба ќе го доведам во Истанбул следната недела. Околу засилувањата не би можел ништо да ви кажам, тоа ќе ви каже новиот тренер. Можам да ви кажам дека во следните три години тоа ќе биде Жозе Мурињо“, изјави Јилдирим.

Јилдирим го водеше Фенер 20 години од 1998 до 2018 година кога беше победен на изборите од Али Коч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аргентина на колена: Шпанија е нов светски шампион (Видео)

Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и стана нов светски шампион по 120 минути игра. Како П…