Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ЕУРО анализа: Чешка – Данска, дуел на двете изненадувања на првенството

ЕУРО анализа: Чешка – Данска, дуел на двете изненадувања на првенството

Двете изненадувања на ЕУРО 2020, Чешка и Данска во Баку во сабота од 18:00 часот, ќе бијат битка за пласман во полуфиналето на Европското Првенство.

Данска се пласираше во четвртфиналето благодарение на импресивната победа над Велс со 4:0, додека Чешка забележа изненадувачка победа од 2:0 против Холандија во осминафиналето на ЕУРО 2020.

Чешка потсетува на славните денови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Чешка имаше одличен почеток на својата мисија во групата Д, забележувајќи победа над Шкотска со 2:0 на 14-ти јуни, за по четири дена да и земе бод на Хрватска.

Избраниците на Јарослав Силхави загубија со 1:0 од Англија во нивниот последен натпревар во групата, што значеше пад на третото место зад Хрватска, со што добија тежок ривал во Холандија во осминафиналето.

Холандија беше самоуверена пред судирот во Будимпешта, но одличниот перформанс од Чешка беше неочекуван. Со головите на Томас Холс во 68-та минута и Патрик Шик во 80-та тие го направија едно од поголеите изненадувања на турнирот.

Чесите претходно во ова натпреварување биле вицешампион во 1996 година и исто така стигнаа до полуфиналето во 2004 година, но тие беа елиминирани во групната фаза на ЕУРО 2016.

Чешка, загуби само два од претходните 25 меча со Данска, иако пет од последните шест натпревари помеѓу двете репрезентации завршија нерешено.

Сепак, оваа Чешка на Силхави потсетува на онаа Чешка од минатата деценија во која беа играчи како Недвед, Поборски, Колер, Шмицер … а која сееше страв низ Европа. Долго време чекаа за повторен успех и ова првенство за нив е како остварување на сонот, или пак враќање во славното минато.

Данска во се подобра форма

Данска го резервираше своето место во елиминациската фаза со тоа што заврши на второто место зад Белгија во групата Б и покрај тоа што загуби на два од трите меча.

Данците го загубија својот прв меч со 1:0 од Финска, но тоа беше неверојатно тежок натпревар за избраниците на Каспер Хјулманд, откако Кристијан Ериксен колабираше на теренот.

Данска загуби и од Белгија на 17-ти јуни, што ги остави во многу тешка позиција, но победата над Русија со 4:1 четири дена подоцна беше доволна за екипата да заврши на второто место со подобра гол разлика од Финска и Русија.

Екипата на Хјулманд одигра неверојатно во осминафиналето, забележувајќи победа од 4:0 над Велс во Амстердам, со одличниот Каспер Долберг кој погоди двапати. Ако се земе во предвид тоа што целосно ја надиграа Белгија во поразот од 2:1, па потоа беа одлични со Русија и лесно го елиминираа Велс, јасно е дека формата постојано оди во нагорна линија и е одлично темпирана пред оваа завршна фаза.

„Црвено-белите“ го освоија Европското првенство во 1992 година, но тие не беа во оваа фаза од натпреварувањето уште од 2004 година, бидејќи беа елиминирани во групните фази во 2012 година и всушност не успеаја да се пласираат на турнирот во 2008 и во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…