Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм прокоцна голема предност и загуби од Савехов

Еурофарм прокоцна голема предност и загуби од Савехов

Екипата на Еурофарм Работник забележа нов пораз во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите, но овој пат имаат за што да жалат.

Фармацевтите“ загубија на гостувањето во Шведска кај Савехов со 25:24, иако имаа предност од пет гола на полувреме.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И работите се одвиваа одлично на почетокот, Битолчани доминираа во првиот дел и по 30 минути игра имаа водство од 15:10.

Во вториот дел домаќините комплетно го надиграа Ерофарм, најпрво израмнија на 18:18 во 4-та минута, а потоа цело време до крајот беа во водство.

Најпрецизен во редовите на Еурофарм беше Ловро Јотиќ со осум постигнати голови, додека со три натпреварот го завршија Бојан Маџовски и Милан Ѓукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…