Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва ја запиша третата победа во низа во домашното ракометно првенство. Во салата „Боро Чурлевски“ совладан беше Тиквеш со 30:21.
Од почетокот на натпреварот фаворитот го диктираше темпото и го демнострираше својот квалитет. После првото полувреме домаќините водеа со 16:9, а разликата во второто полувреме се зголеми и на +9.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најефикасни во редовите на победничкиот состав беа Гоце Ојлески, Стоилевски и Ненад Костески со по пет гола, Димовски за Тиквеш постигна шест гола.
Во групата Б Пелистер лидер со 16 бодови, пет повеќе од Пролет и шест од Еурофарм Пелистер 2.