Дома Фудбал Останато Ето: Пеп те спрема како никој друг, Мурињо ти е пријател

Ето: Пеп те спрема како никој друг, Мурињо ти е пријател

Камерунецот Самуел Ето за многумина е најдобар афрички фудбалер на сите времиња. Денес со 39 години ужива во пензија во која замина минатата година како играч на Катас СЦ.

Кариерата Ето ја започна неговиот Камерун, Реал Мадрид во кој никогаш не доби вистинска шанса прв го препозна неговиот талент. На светска слава чекаше до 2004 година кога премина во Барселона каде што започна неговата доминација која траеше пет години. Потоа премина во Интер со кој ја освои Лигата на шампионот со тимот предвоен од Жозе Мурињо.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За „Марка“ Ето се потсети на соработката со Гвардиола и Мурињо.

„Се држам до она што го кажав и претходно и мислам дека не сум единствен кој го кажал тоа. Моето искуство со Пеп во Барселона беше такво какво што беше, но на лично ниво не беше онака како што се надевав. Многу играчи кажаа што мислат за него. Како тренер, Пеп те спрема за натпревар како никој друг. Беше најдобар во тоа. Играчите кај него имаат чувство дека не трчаат многу и дека уживаат, иако трчаш многу“.

„Жозе од друга страна е пред се пријател. Човек кој во лице ќе ти каже ако не те сака. Двајцата сме темпераментни и добро се разбиравме. Тој е еден од најдобрите луѓе во фудбалот. Некои се обидуваат да го прикажат како контроверзен, но тоа е лага. Мурињо е фантастичен топ.  Втората работа е што му е важен само резултат, така тој гледа на фубалот и во тоа е број еден. Невозможно е да го победите во неговата игра. Тој е победник роден лидер“, објасни Ето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…