Дома Фудбал Италија Ето: Балотели на натпреварите никогаш не покажа ниту 10% од неговите можности

Ето: Балотели на натпреварите никогаш не покажа ниту 10% од неговите можности

Камерунскито фудбалер Самуел Ето неодамна стави крај на кариерата и од тогаш почесто се појавува во јавноста.

Ето имаше богата кариера и сака да се потсети на некои негови незаборавни моменти. Во разговор за италијанските медиуми зборуваше за времето додека го носеше дресот на Интер со кој во 2010 година освој триплета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Камерунецот во Интер пристигна летото 2009 година од Барселона како дел од трансферот на Златан Ибрахимовиќ во каталонскиот клуб. Се покажа дека за него тоа е одличен потег бидејќи веќе во наредната сезона, негова прва со Интер ги освои сите трофеи.

Ето за „Газета дело Спорт“ зборуваше за времето додека играше за Интер, а посебно се посвети на Марио Балотели кој тогаш беше член и голема надеж на клубот од „Џузепе Меаца“.

Тој верува дека Балотели можел да оствари многу подобра кариера и дека на теренот не покажал ниту 10% од своите способности.

„Го сакам Марио и тој ми е како помал брат. Сепак, тој никогаш не покажа ниту 10% од своите способности на натпреварите. Марио кого го гледав на тренинзите кога сакаше да игра никогаш не го видов на некој натпревар и поради тоа ми е жал“, изјави Ето.

Балотели летото 2010 година го напушти Интер и премина во Манчестер Сити, потоа играше уште за Ливерпул, Милан, Ница и Марсеј, денес е член на Бреша.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…