Дома Македонски спорт Ерменија – Македонија: Сакаме прекинување на црната серија, за одржување на шансите за браж!

Ерменија – Македонија: Сакаме прекинување на црната серија, за одржување на шансите за браж!

Денес Македонија и Ерменија ќе го играат натпреварот од претпоследното коло во овие мундијалски квалификации. Ова е натпревар во кој и на двете селекции и им е неопходна победа ако сакаат да ги задржат шансите за бараж.

За нас ова ќе биде рекордна пресметка со Ерменците затоаш то ниту една друга репрезентација ќе немаме повеќе пати играно, до сега 11 пати сме играле со Лихтенштајн. Гостувањата за Македонија кај Ерменија се проблематични и тешко ни оди. Последен пат со оваа селекција игравме во ноември лани тогаш натпреварот се помести на неутрален терен поради воената ситуација во државата. На последните три гостувања имаме три порази.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Последен пат Ерменија на гости сме ја победиле на 4. Јуни 2005 година. Тогаш два гола постигна Горан Пандев, а од клупата репрезентацијата ја предводеше Слободан Сантрач.

Денес момците на Милевски ќе се обидат да ја прекинат црната серија на овие гостувања и да дојдеме до победа со која би ги задржале шансите за баражот, за кој ни се потребни две победи и кикс на Романија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Аталанта го прегази Леверкузен за европска титула🎥

Тимот на Аталанта ја освои титулата во Лига Европа откако во финалето го надигра Баер Леве…