Дома Фудбал Италија Ериксен се врати во Милано

Ериксен се врати во Милано

Плејмејкерот на Интер, Кристиан Ериксен денес пристигнал во Милано, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ериксен најпрво имал средба со извршниот директор на „нероаѕурите“ Бепе Марота, а потоа ќе му бидат направени нови медицински испитувања.

29-годишниот плејмејкер доби срцев удар на првиот натпревар од ЕП против Финска. Потоа му беше направена операција и му беше вграден електричен дефибрилатор.

Ериксен денес се врати во Милано и ќе оди на нови детални испитувања за да се види причината која довела до срцевиот удар.

Веќе е потврдено дека ако Ериксен продолжи да носи дефибрилатор нема да може да игра за Интер, бидејќи правилата во Серија А не го дозволуваат тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Херојот на Парагвај може да се пресели во Серија А

Италијанскиот фудбалски клуб Торино изрази интерес за голманот на парагвајската репрезента…