Плејмејкерот на Интер, Кристиан Ериксен јавно го кажа своето незадоволество од ситуацијата во која се наоѓа.
Ериксен во јануари пристигна од Тотенхем како големо засилување, но не се вклопува во формацијата на Конте, па главно е на клупата за резерви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Данецот не е задоволен поради таквата ситуација и очекува да добие поголема шанса од тренерот во продолжение на сезоната.
„Зошто играм малку? Прашајте го Конте. Јавете му се и прашајте го, бидејќи одлуката е негова. Во фудбалот постојано има подеми и падови. Малкумина успеваат да одат само нагоре“, изјави Ериксен.
„Подобро е да не мислам на критиките, секој има право на свое мислење. Треба да им верувам само на блиските и да ги игнорирам останатите“, заклучи Данецот.