Дома Трансфер зона Ериксен има понуди од три клуба

Ериксен има понуди од три клуба

Кристијан Ериксен во зимскиот преоден рок пристигна во Брентфорд и потпиша договор до крајот на сезоната, а после добрите настапи сега има нови понуди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Репрезентативецот на Данска минатото лето на Европското првенство доживеа срцев удар после што мораше да му биде вграден дефибрилатор, а во таква ситуација Серија А не дозволува занимавање со професионален фудбал, па Данецот мораше да замине од Интер.

Откако половина година беше без клуб потпиша за Брентфорд. Англискиот клуб му даде договор на шест месеци со можност да го продолжи, а сега има интерес од повеќе клубови. Добро известениот новинар Фабрицио Романо пренесува дека во игра се три клуба.

Имињата на клубовите не се откриваат, меѓутоа се наведува дека Ериксен ќе разговара со раководството на Брентфорд и заеднички ќе биде донесена конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…