Поранешниот младински репрезентативец Ердон Даци како и што беше најавено потпиша за белгиски Вестерло.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Даци со овој клуб потпоша договор до 2024 година. Во клубот доаѓа после четири години поминати во Коњаспор. Во турската Суперлига одигра 42 натпревари, постигна три гола и запиша пет асистенции.
„Здраво, јас сум Ердон Даци доаѓам од Македонија, пристигнувам од Коњаспор, турската Суперлига и сум среќен сум што ќе бидам дел од тимот. Напаѓач сум, физички силен и сакам да постигнувам голови. Дојдов затоа што верувам во проектот на клубот и сакам да ја оствариме заедничката цел. Ветувам дека ќе се борам за тимот да победи“, изјави Даци.