Дома Фудбал ЕП четвртфинале: Белгија – Италија е дербито, Англичаните веќе сонуваат финале!

ЕП четвртфинале: Белгија – Италија е дербито, Англичаните веќе сонуваат финале!

Откако вчера осминафиналето на Европското првенство познат е костурот за преостанатиот дел од првенството.

Четвртфиналните натпревари ги отвараат Швајцарија и Шпанија на 2. јули од 18:00 часот, истиот ден се игра супер пресметката меѓу Белгија и Италија. Овој дуел се игра од 21:00 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Следниот ден се играат четвртфиналните пресметки помеѓу Чешка и Данска (18:00) и Украина – Англија (21:00).

Гледајќи на хартија Англичаните се фаворити за влез во финалето, сепак веќе видовме изненадување на овој ЕП, па затоа ќе почекаме да видиме. Ќе потсетиме и дека дополнителен мотив за Англија треба да биде тоа што финалето се игра на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Риера бара пресврт во Звезда: Убавата игра не ги решава проблемите

Црвена звезда покажува напредок во играта, но резултатите сè уште не го следат. Дуелот со …