Дома Останати ЕП футсал: Русија ја победи Украина за пласман во финале!

ЕП футсал: Русија ја победи Украина за пласман во финале!

Репрезентацијата на Русија е првиот финалист на Европското првенство во Холандија откако во драматичен меч ја совладаа Украина со 3:2.

Натпреварот привлекуваше посебно внимание со оглед на тоа што двете држави се наоѓаат пред војна и ова е прв спортски судир во некој спорт откако се во таква ситуација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Русите до 15. Минута водеа со 2:0, голови постигнаа Антон Соколов и Андреј Афанасјев. Украинците веднаш се одлучија за игра со голман и тоа им се исплатеше наредната минута кога Јевген Сири го намали водството. Артем Нијазов во 31. минута ја врати предноста од два гола.

Украина повторно играше со голман. Во 35. минута Данил Абакшин погодува за 3:2, а на точно една минута пред крајот имаа пенал за изедначување. Сепак, Петро Шотурма го погоди рускиот голман Димитри Путилов.

Во второто полуфинале се сретнуваат Португалија и Шпанија и тој натпревар започнува во 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…