Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз, шести по ред на Европското првенство.
Подобри од избраничките на Јулијана Дамчевска денес беа Исланѓанките со 35:29. Исланѓанките од самиот старт ја наметнаа својата игра и брзо си создадоа предност од 5:1, Македонија во продолжение успеа да се врати, дури и поведовме на двапати со 6:7 и 7:8. Но, се покажа дека тоа ќе бидат единствените моменти во кои имавме предност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До крајот на првиот дел Исланд поведе со 20:15, а во вториот дел не успеавме посериозно да се вратиме во игра.
Најефикасна кај нас беше Анастасија Трпеска со шест гола, по пет постигна Стефаноска и Јанкуловска. Македониај со овој пораз се доведе во ситација да игра за избегнување на последното место на турнирот. Противник на нашите ракометарки ќе биде поразениот од дуелот помеѓу Србија и Хрватска.