Дома Останати Ракомет ЕП на изненадувања: Со Франција по првата фаза дома си оди и Данска!

ЕП на изненадувања: Со Франција по првата фаза дома си оди и Данска!

После Франција уште една голема ракометна сила е елиминирана од Европското првенство – Данска си оди дома!

Елиминацијата на Данска дојде откако денес Унгарија го победи Исланд со 24:18 и на тој начин и се придружи на оваа селекција во втората фаза, додека Данска дефинитивно си оди дома. На Унгарија и одговараше и бод, но благодарение на одличната игра посебно во второто полувреме Унгарците стигнаа до победа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Унгарија одлично отвори и повде со 3:0. Сепак, Исланд се врати и со серија од 6:0 дојде до 6:3. Во продолжение Исланд дојде до пет гола разлика (11:6). Сепак, Унгарија добро финишираше и на полувреме замина со негатива од три гола разлика (12:9).

Во второто Исланд целосно падна, Унгарија изедначи на 15:15, до водство стигнаа со 18:17 и од тој момент играа фантастично, па брзо се одлепија.

Унгарија со пет бодови оди понатаму и пренесува два бода во втората фаза, додека Исланд исто така оди понатаму, но без бодови. Покрај Данска од оваа група испадна и Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…