Mинатиот викенд во малтешката лига се одигра натпревар кој медиумите го нарекоа најсрамниот во историјата на кошарката.
Кога ќе се погледне како таа изгледаше може да се каже и дека описот е точен. Станува збор за една од најочигледно наместените натпревари на спортските терени. Депиро и Хибернианс натпреварот го завршија со 69:68, а она што го привлече посебно вниманието е што во последните 6:30 минути не постигнаа ниту еден кош, не затоа што беа толку лоши, туку затоа што никој не се обиде да погоди.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шест ипол минути се играше со губење на топки и аматерски грешки, некои и преочигледни дека се намерни. Навивачите на трибините веќе се смеаа затоа што знаеа дека екипите го местат резултат за подобра позиција во плеј-офот, но на крајот нема да бидат во него.
Малтешкиот сојуз го поништи натпреварот и веднаш двата клуба ги исфрли од лигата. Исто така клубовите добија казна од одземање на три бода за следната сезона.
Malta Basketbol Ligi’nde Depiro’nun Hibernians’ı 69-68 yendiği maçta son 6:30 dakikada iki takım da sayı atmadı. Özellikle sayı atmamak için her şeyi yaptılar…
— Mert (@byProfMert) April 2, 2022
Malta Basketbol Federasyonu, iki takımı da ligden ihraç etti.
Benim anlatmama gerek yok, siz izleyin! 🙂 pic.twitter.com/oFrKbjCaUr