Ливерпул уште еднаш покажа дека е неприкосновен пред своите гледачи и со пресврт успеа да слави во големото дерби против Тотенхем.
Гостите поведоа уште во првата минута, Кејн се најде на право место и со глава реализираше за 0-1, а до крајот на полувремето Ливерепул создаде неколку шанси, но не успеа да постигне гол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хендерсон во 52-та минута погоди за 1:1 и го најави пресвртот. „Црвените“ доминираа и создаваа шанси, а победничкиот гол дојде после удар од белата точка, Салах беше сигурен реализатор за 2:1.
Манчестер Јунајтед конечно дојде до гостинска победа, откако го совлада Барнли со 1:3, а Арсенал испушти два гола предност и одигра 2:2 со Кристал Палас на „Емирати“.