Дома Македонски спорт Енис Барди е трет најдобар изведувач на слободни удари во светот! (ФОТО)

Енис Барди е трет најдобар изведувач на слободни удари во светот! (ФОТО)

bardhi

Лионел Меси во полуфиналето против Ливерпул одигра фантастичен натпревар, а посебно го воодушеви фудбалскиот свет со голот од слободен удар кој беше негов 600-ти во кариерата.

После овој натпревар познатата интернет страница „Сквавка“ која се занимава со статистика направи листа на најдобрите изведувачи на слободни удари во светот. Тие во предвиди го земаа бројот на голови дадени од вакви позиции.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


За нас посебно интересно е што на високото трето место според нив се најде македонскиот фудбалер Енис Барди! За „Сквавка“ подобри изведувачи на слободни удари се Аргентинецот Лионел Меси и Бразилецот Нејмар.

Ова значи дека го сметаат Барди за најдобар европеец, со оглед на тоа дека Меси и Нејмар се јужноамериканци.

Рангирањето тие го направија според постигнатите голови и процентот на успешност во последните три години.

„Можеби не сте слушнале за Енис Барди, но македонскиот плејмејкер е хит од кога во 2017 година пристигна во тимот на Леванте. Тој има 23 години и простор се уште да се равива, а веќе покажа дека знае да постигне гол од слободен удар. Тој постигна шест гола од 35 обиди. Она што е поимпресивно е што дојде во пресрет на сезоната 2017/2018 и има една сезона помалку од останатите“, стои во анализата за Барди.

Ќе потсетиме Барди минатата сезона се запиша во историјата на Ла Лига како најбрз стрелец на два гола од слободен удар, потребни му беа само 123 секунди во натпреварот против Атлетик Билбао.

На листата покрај Меси кој е прв, Нејмар и Барди се наоѓаат уште: Набил Фекир, Фелипе Кутињо, Антоан Гризман, Анхел Ди Марија, Дрис Мертенс, Симоне Верди, Александар Коларов.

https://www.youtube.com/watch?v=ipEAEcdmA4M

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…