Бразилецот, Ендрик во вчерашниот натпревар за Реал Мадрид постигна гол против Ваљадолид, а со тој гол испиша и историја во дресот на кралскиот клуб.
Имено, младиот Бразилец стана најмладиот странец стрелец во историјата на гигантот од Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ендрик во листата на стрелци се запиша со 18 години и 35 дена со што го сруши рекордот кој го постави Рафаел Варан во 2011 година (18 години, 152 дена).
„Верувам дека сите сме среќни. Моето семејство знае низ што се поминав за да стигнам до тука. Луѓето ме критикуваа мене, семејството, девојката…сите заедно поминавме тешки работи, чувството во овој момент е феноменално и знам дека вредеше“, изјави Ендрик.