Повредата на Емре Чан е посериозна од колку што се очекуваше и Германецот сигурно ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, а голема е веројатноста да го пропушти и Мундијалот, пренесуваат англиските медиуми.
Играчот за врска на Ливерпул има проблеми со грбот, а повредата се покажа посериозна од првичните прогнози.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова во принцип значи дека Германецот веќе го одиграл последниот натпревар за Ливерпул бидејќи на крајот на сезоната ќе замине од „Енфилд“ како слободен агент. Јувентус е фаворот за неговиот потпис, но многу европски гиганти покажуваат интерес за него.
Emre Can may have played his last game for Liverpool https://t.co/aCD3IflGOD pic.twitter.com/o7ImZSE5D0
— Mirror Football (@MirrorFootball) April 6, 2018
Јирген Клоп се надеваше дека Чан ќе биде спремен за реваншот со Сити на „Етихад“ и ќе биде замена за Хендерсон, но Германецот ќе биде во аут до крајот на сезоната.
Сериозно е загрижен и Јоаким Лев бидејќи може да загуби важен играч во ротацијата за Мундијалот во Русија. Големи се шансите Емре Чан да го пропушти Светското првенство.