Дербито на „Дела Мадонина“ на програмата е вечерва. Миланските екипи Милан и Интер играат првенствено за три бода, и како што би рекле навивачите на обата клубот, за гордоста.
„Дела Мадонина“ се смета за едено од најголемите градски дербија, а во Италија е посебно покрај она на Рома и Лацио. Италија има многу регионални дербија, торински и џеновски исто така е нешто што не смее да се пропушти, но ова е сепак нешто посебно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ривалството на Интер и Милан е нешто што на нога го држи северот на Италија. Иако делат стадион, нивните филозофии се различни, а со нив се врзани и многу големи играчи кои настапуваат за обата клуба. Во новото време тоа се Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Марио Балотели, Андреа Пирло, Едгард Дејвидс, Антонио Касано, Џампаоло Пацини…
Сите кои се добро запознаени во дербито знаат дека се еднакво жестоки, квалитетни и културни. Еднаш се најдобри пријатели, еднаш „смртни“ непријатели, што покажуваат и дел од фотографиите. Колку и да се чини дека ќе ги „кршат нозете“ на терените, Хавиер Занети ќе му пријде на Паоло Малдињо, ќе се ракува со него и ќе му каже дека денес биле подобри, или обратно.
Духот на Мадонина е таков, утре и едните и другите ќе заминат заедно на работа, емоциите ќе останат на страна, иако ќе бидат среќни и разочарани. И тука нема насилство, колку и тешко да се поднесува тоа што соседот под прозор слави со други бои.
Но, сепак, ова дерби е посебно и по тоа што е прво одиграно во Швајцарија, приказна која почна оддамна, а која се чини ќе трае долго.
„Луѓето надвор од италијанскиот фудбал не знаат тично какво дерби е тоа. Никој не може да го почувствува освен луѓето во Милано. Тоа е прекрасно, најдоброто што сум го почувствувал во фудбалот кога е во прашање одреден ривалитет“, своевремето Мурињо зборуваше за дербито.
„Атмосферата околу натпреварот му дава посебност на се. На улиците низ градот заедно тој ден се шетаат навивачите на обата тима. Едни имаат шалови Интер, други Милан, но нема нетрпеливост. Нема инциденти, расправии, дури и на трибините се испреплетени навивачите на двата клуба. Тоа е навистина посебно, на такво нешто се уште не сум наишол. Дербито не губи ниту една емоција, тежината за успех е огромна, најголема, но повторно во позадина на се е фудбалското пријателство, Посебно уживав во таа италијанска опуштеност, каде е иронично повишувањето на тон на тие натпревари“, велеше Португалецот.
Со оглед на тоа, вечерва ќе биде пеколно на „Сан Сиро“ посебно затоа што обете екипи оваа сезона најавија будење од длабокиот сон во кој се наоѓаа. Милан и Интер се „напумпани“ со милиони, па вечерва на нивниот грб лежи голем притисок, особено кај Милан кој значително лоши ја отвори сезоната, а за Монтела исто така ова би можело да биде последен меч, доколку не оствари добар резултат.
А додека чекаме, да се потсетиме со неколку фотографии на миланското дерби низ минатото. Кој и да слави вечерва, еден од од Милано вечерва ќе тагува…