Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Емотивно збогум на големиот Иниеста од репрезентацијата (фото)

Емотивно збогум на големиот Иниеста од репрезентацијата (фото)

Шпанија на Мундијалот беше запрена во осминафиналето од домаќинот Русија, овој натпревар воедно беше и последен во репрезентацијата за еден од најголемите шпански фудбалери воопшто, Андрес Иниеста.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Неколку дена по одигрувањето на последниот натпревар Иниеста се обрати до навивачите и соиграчите со емотивна порака.

„Имав среќа да бидам дел од една неверојатна генерација, која беше посебна по многу нешта. Остваривме се што како деца сонувавме, сепак имавме и тешки моменти. Ви ме направивте подобар соиграч и подобар фудбалер, ви благодарам за тоа. Задоволство беше да се делат посебните моменти заедно со вас. Дојде времето да заминам. Ова воопшто не беше одлука која лесно ја донесов, размислував неколку месеци“, стои во писмото од Иниеста.

Иниеста со Шпанија освои две Европски првенство во 2008 и 2012 година и еден Мундијал, во 2010 година. Постигна 13 погодоци на 131 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…