Легендарниот Андон Дончевски кој е прв селектор на македонската фудбалска репрезентација ги мотивираше фудбалерите на Вардар во тешката ситуација да издржат до крајот на сезоната.
Дончевски им порача на фудбалерите да издржат, иако им ги знае маките и проблемите со кои што се соочуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Вие сте тие што треба да не наследите, во годините кога Вардар венеше, Вие да го вратите Вардар кај што му е местото. Ве поздравувам, ве почитувам и сите маки ви ги знам. Дајте да бидеме први, па ќе видиме кој ќе ни се спротивстави.
Вака ве малтретираат, многу ми е жал што не знаете каде ќе играте, каде ќе тренирате. И на тоа ќе дојде крајот. Само напред јунаци македонски, само напред вардарци! Мора да успееме, да знаете! Ви е во одбрана не давајте пиле да прелете, вие во напад не се срамете голови да давате. Сите заедно ќе го кренеме Вардар од пепелта како птица Феникс“, им рече Дончевски на фудбалерите.