Дома Фудбал Емери призна: Лимитирани сме, можеме да се засилиме само со позајмица!

Емери призна: Лимитирани сме, можеме да се засилиме само со позајмица!

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери призна дека неговиот клуб не може да си дозволни да носи нови засилувања во зимскиот преоден рок, бидејќи поторија повеќе од 70 милиони фунти ова лето.

„Топџиите“ се во потрага по засилување во одбраната и средниот ред, но решение мора да бараат само со позајмици.

„Не можеме да купуваме играчи, лимитирани сме само на позајмици. Можам да кажам дека во клубот работат, разгивараме за различни ситуации. Овој пат немам вести кога се засилувањата во прашање“, изјави Емери.

Арсенал во претходните денови покажа интерес за Денис Саурез од Барселона и Јаник Караско од Далијан Јифанг.

„Не знам каква е ситуацијата. Играчи со перманентен договор ќе можеме да купуваме дури на лето. Знам дека во клубот работат на можностите кои ги нуди пазарот“, додаде Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…