Дома Фудбал Останато Емери: Подобра шанса од оваа никогаш нема да имате…

Емери: Подобра шанса од оваа никогаш нема да имате…

Арсенал подобра шанса да го победи ПСЖ за брзо време нема да има. Светците жестоко осабени пристигнаа во Сингапур, меѓу патниците не се најдоа Килијан Мбапе, Едисон Кавани, Нејмар, Тијаго Силва, Тома Мение и Анхел Ди Марија, па Топчиите имаат шанса да го повторат она што го направи Баерн против овој ривал изминатата недела, кога славеше со 3:1.

Унаи Емери во овој момент има значително поголем број квалитетни играчи на располагање, на составот му се приклучуваат и Месјут Озил, Мохамед Елнени и Алекс Ивоби, многу важни играчи се од почетокот на подготовките и тоа е уште една ставка кја би можела да донесе пресврт на теренот во корист на клубот од Лондон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секако, ПСЖ не смее да се отпише, бидејќи Томас Тухел во своите редови има голем број талентирани играчи, кои овој меч можат да го направат поефикасен. Двата тима последен пат се сретнаа во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2016/17 и обата меча се завршени со реми резултат. Во Париз беше 1:1, додека во Лондон 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…