Тренерот на ПСЖ, Унаи Емер откри дека Мбапе, Кавани и Верати ќе бидат спремни за реванш натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
„Светците“ на првиот натпревар одигран во Мадрид загубија со 3:2. Тренерот Унаи Емери нема да може да смета на Нејмар, но сите останати ќе бидат спремни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ди Марија е спремен и многу мотивиран. Станува збор за Лига на шампиони. Верати, Мбапе и Кавани се спремни и веќе тренираат со тимот“, изјави шпанскиот стратег.
Претходно и официјално беше потврдено дека Тони Крос, Модриќ и Марсело ќе допатуваат во Париз, иако сите тројца беа неизвесни.
„Го сакам најдобриот Реал во Париз. Сакам да играм против најдобриот Реал Мадрид“, самоуверено изјави Емери и додаде:
„Ова ни е најважниот натпревар сезонава. Ова е уникатен момент за сите фанови на ПСЖ и за цела Франција. Имаме голема шанса да направиме чекор напред“.