Дома Останати Кошарка НБА Ембид вторпат сезонава над 50 поени, Лејкерси конечно победија

Ембид вторпат сезонава над 50 поени, Лејкерси конечно победија

Филаделфија го победи Шарлот со 131:113 на домашен терен, а домаќините на оваа средба беа предводени од супер расположениот Џоел Ембид.

Ембид постигна неверојатни 53 поени. За Ембид ова е вторпат сезонава да постигне над 50 поени, а четвртипат во кариерата. Од игра шутираше 20/32 и ги погоди сите слободни фрлања. Харден му беше одлична поддршка со 19 поени и 16 асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После три порази во низа Лејкерси конечно победија. Подобри изминатата вечер беа од тимот на Детроит со 124:117. Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа најзаслужни за победата. „Кралот“ натпреварот го заврши со 35 поени, Дејвис постигна поен помалку, но додаде и 15 скока.

Интересно беше на мечот Њу Орлеанс – Феникс, каде што домаќинот славеше после продолжение со 129:124. За Феникс ова беше седми триумф во низа. Најдобар во редовите на Њу Орлеанс беше Зион Вилијамсон со 35 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – ЛА Лејкерс 117-124

Њујорк – Сакраменто 112-99

Орландо – Торонто 111-99

Филаделфија – Шарлот 131-113

Атланта – Чикаго 123-122 (прод.)

Хјустон – Милвоки 97-92

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…