Дома Фудбал ЕЛ КЛАСИКО: Што се промени од август и големата победа на Реал Мадрид?

ЕЛ КЛАСИКО: Што се промени од август и големата победа на Реал Мадрид?

На почетокот од сезоната се изгледаше поинаку…

После натпреварот во Суперкупот во август во кој Барселона со вкупен резултат ја декласираше Барселона со 5:1, никој не можеше да очекува дека во овој момент пред „Ел Класико“, Реал Мадрид ќе заостанува 11 бодови за Каталонците, тимот на Зидан во овој момент се наоѓа на четвртата позиција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што кажавме во август после декласирањето на Барселона и победата над Јунајтед тука во Скопје, немаше човек кој ова можеше да го предвиди.

Барселона изгледаше ранливо, првиот натпревар го загуби со 1:3 на домашен терен, а пото во Мадрид запишаа нов пораз овој пат со 0:2. Изгледаше дека Барселона тешко ќе се опорави по заминувањето на Нејмар и Луис Енрике.

Но, тренерот кој пристигна од Атлетик Билбао успеа да го консолидира тимот и екипата да ја доведе до учинок од 24 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Каталонците имаат шест бодови повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид кој вечерва му гостува на Еспањол.

„После поразот во Суперкупот, знаевме дека ќе мораме да работиме напорно за иста цел и само онака како што ќе ни каже Валверде“, изјави голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген.

„Прилично добро работевме на одбранбените задачи, а кога секој фудбалер ќе го даде најдоброто, посебно во одбраната, мене ми е многу полесно. Натпреварот без примен гол е заслуга на целиот тим“, додаде после победата над Депортиво од 4:0.

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста изјави дека го исфрлиле од сеќавање големиот пораз во Суперкупот, но не веруваат дека големата бодовна предност може да им донесе предност во сабота.

„Тоа е нешто што помина. Сега сме во друго натпреварување и во друг момент. Освен тоа, овој натпревар ќе биде поинаков, нема ништо заедничко со она што го поминавме тогаш. Пред „Ел Класико“ јас не ја гледам табелата. Ова е поинаков натпревар и воопшто не е важно во каква ситуација се едниот и другиот тим. Знаеме што е во игра и дека со победа ќе направиме голем исчекор во трката за титулата“, изјави Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…