Цел живот навивачите на Реал Мадрид можеа да ликуваат во расправиите со навивачите на Барса дека се подобри во „класиката“ на шпанскиот фудбал. Разликата полека се топеше, а овој викенд би можела да исчезне.
Иако ова „Ел Класико“ можеби нема големо резултатско значење во битката за титулата, сепак за Барселона може да биде историско.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред само неколку дека Барселона славеше со 3:0 во 240-то „Ел Класико“. Така Каталонците дојдоа до 94-та победа во дуелите со најголемиот ривал, па Реал сега има само една победа повеќе.
Тоа значи дека дуелот на „Сантиаго Бернабеу“ овој викенд во рамките на 26-то коло од Примера ќе има далеку поголемо значење од три бода. Доколку Барселона победи ќе се изедначи по бројот на победите со „кралевите“, кога се официјалните натпревари во прашање.
И не само тоа, со победа момците на Ернесто Валверде би направиле значаен чекор кон освојување на титулата и би имале 12 бода предност пред Реал Мадрид.
Влогот е огромен, бидејќи Барселона со победа ќе може да се изедначи со големиот ривал, па секое следно „Ел Класико“ исто така би имало огромна тежина.
„Кралскиот“ клуб е во незгодна положба, играат лоша сезона, а пораз во „Ел Класико“ би можел да биде голем удар и за судбината на Солари како тренер на Реал Мадрид.
До сега двата шпански гиганти имаат одиграни вкупно 140 „Ел Класика“, на кои 95 пати славел „кралскиот“ клуб, а 94 пати се радувале Каталонците. Дури 51 пат најголемото шпански дерби завршило без победник.