Дома Фудбал Италија Елмас ќе слави јубилеј – 100 натпревари за Наполи!

Елмас ќе слави јубилеј – 100 натпревари за Наполи!

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас денес ќе прослави јубилеј – 100 натпревари во дресот на Наполи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во редовите на Наполи Елмас пристигна од Фенербахче пред две ипол години, а клубот за него плати 16 милиони евра. Карло Анчелоти беше главниот „виновник“ и човек кој бараше да му биде доведен Елмас.

За Наполи Елмас одигра 73 натпревари во Серија А, во Купот на Италија собра 5 настапи и уште 16 во европски натпреварувања. Со тоа вкупно дојде до 99 натпревари за Наполи во кои има учиок од шест гола и четири асистенции.

Со доаѓањето на Спалети Елмас почна да добива повеќе простор за игра, па се очекува неговите бројки да бидат и подобри. Џенова денес од 20:45 часот игра на гости против Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aлварез го одбил Атлетико, има само една желба?

Плановите на Арсенал за ангажман на големо летно засилување наидуваат на голема пречка. Ју…