Дома Фудбал Италија Елмас: Никој во тимот не зборува за Скудето

Елмас: Никој во тимот не зборува за Скудето

Наполи фантастичен фудбал, според многумина и најдобриот не само во Италија туку и во Европа.

После 23 одиграни кола, тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас има 20 победи, а последната победа ја запишаа во вчерашниот натпревар против Сасуоло. Скоро цела Италија Наполи го гледа како нов шампион затоа што клубот од Неапол со натпревар повеќе има 18 бода повеќе од второпласираниот Интер, сепак македонскиот репрезентативец порача дека во тимот се уште никој не зборува за Скудето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Има уште многу за играње и никој во тимот се уште не го изговорил зборот „скудето“. Среќни сме што победивме против Сасуоло и што заминуваме со три бода. Сасуоло беше во серија со победи против Милан, Лацио, Аталанта…Знаевме дека нема да биде лесно“, изјави Елмас.

Натпреварот против Сасуоло беше седми на кој Елмас беше стартер, а настапи на 22 од 23 натпревари.

„Среќен сум што сме сите важни за Наполи, јас секогаш давам се од себе, без разлика дали сум стартер или не. Знаеме дека имаме неверојатна сезона и се надеваме дека ќе продолжиме така“, истакна Елиф.

Во текот на неделата која следи Наполи се враќа и со натпреварите во Лигата на шампионите, а таму го чека Ајнтрахт во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …