Maкедонскиот фудбалер, Елиф Елмас не е стандарден во Лајпциг и не добива многу прилика за игра, па како што стојат работите наскоро може да дојде до промена на средината.
Медиумите во Турција пренесуваат дека гигантот Галатасарај сака да го доведе во своите редови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веста силно одекна во Турција бидејќи во минатото Елмас го носеше дресот на Фенербахче и остана во добро сеќавање на навивачите на овој клуб.
Информациите се дека од Галатасарај испратиле понуда за позајмица на Елмас. Договорот кој го има Елмас со Лајпциг е со важност до 2028 година.