Дома Фудбал Италија Елмас и Наполи преку Интер обезбедија финале против Јувентус (ВИДЕО)

Елмас и Наполи преку Интер обезбедија финале против Јувентус (ВИДЕО)

Вечерва во Италија на програмата беше реваншот од второто полуфинале во Купот на Италија помеѓу Наполи и Интер.

Наполи од првиот натпревар имаше предност од 1:0 и на крајот успеа да обезбеди финале.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер рано уште во втората минута постигна гол преку Ериксен, Данецот погоди директно од корнер. Создаде Интер уште неколку прилики, меѓутоа не реализираше.

Токму откако Кандрева пропушти една одлична прилика Наполи креираше контра преку која со гол ја заврши Мертенс во 41. минута. Треба да се спомене дека со овој гол Мертенс стана најдобриот стрелец во историјата на Наполи со 122 гола. Зад себе го остави Хамшик со 121.

Во второто полувреме гледавме нешто помирна игра, а Наполи успеа да ги задржи овие 1:1 иако Интер беше подобар противник .

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во денешниот натпревар играше од првата минута и на теренот беше до 65. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…