Дома Фудбал Останато Елмас и дружината го започнуваат походот на Европа!

Елмас и дружината го започнуваат походот на Европа!

Денес започнуваат натпреварите во Лига Европа, а еден од најинтересните дуели се игра на „Максимир“ каде Динамо Загреб го пречекува турскиот гигант Фенербахче.

Oвие две екипи натпреварувањето го започнаа во квалификациите за ЛШ, но не успеаа да ги прескокнат препреките на Јанг Бојс, односно Бенфика. За утеха, стигнаа до групната фаза на Лига Европа.

Динамо Загреб: Дали „Bad blue boys“ ќе имаат разбирање за неиграњето во ЛШ?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се започна идеално за загребскиот клуб. Лесно го елиминираа Хапол Бер Шева, а потоа и Астана. Последната препрека за ЛШ им беше швајцарскиот првак, екипата на Јанг Бојс. Противникот беше без големо искуство во елитните натпреварувања, па фановите на Динамо веќе еуфорично очекуваа великани на нивниот стадион.  Динамо во првиот натпревар изигра 1:1, а загребчаните беа поблиску до победа. Тој неуспех се одрази со пласман во групната фаза на Лига Европа.

Фенербахче: Фановите немаат многу трпение – се бара трофеј!

Фенербахче минатата сезона не успеа да стигне до титулата, а трагедијата да биде поголема, таа замина во витрините на големиот ривал Галатасарај. Како и да е за нив успех е  самото местсо кое води до квалификации за ЛШ.  Кога ги започнаа квалификациите,  веќе на првата препрека ги застана Бенфика, а се утврди дека тој клуб е навистина „ноќна мора“ за Турците. Сепак за утеха стигнаа до Лига Европа, а веќе од клубот најавија големи очекувања оваа сезона.  Моменталната ситуација во Турција не ветува многу, бидејќи овој клуб беше поразен три пати по ред, а такви резултати не се запаметени.

Целиот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската Примера се пофали со голем раст на приходите

Шпанската Ла Лига се пофали со рекорден вкупен приход од 5.69 милијарди евра за сезоната 2…