Дома Македонски спорт Мак фудбал Елмас им се извини на Италијанците: На ваков терен не се игра

Елмас им се извини на Италијанците: На ваков терен не се игра

Елиф Елмас одигра уште еден одличен меч за Македонија синоќа против Италија, а после мечот даде изјава за италијанските медиуми.

Македонскиот дијамант почувствувал потреба да се извини поради условите во Скопје, односно катастрифалниот терен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е одличен резултат за нас, бидејќи се играше фудбал на засрамувачки терен. Можам само да им се извинам на Италијанците и на цела Европа. Не треба да се игра фудбал на ваков терен, тоа беше проблем за нас, исто колку што беше и за Италијанците“.

„Во овој систем на Италија видов многу работи кои Спалети ги правеше со нас во Наполи. Бев подготвен за ова, бев со него две години и препознав работи кои се карактеристични за него“, изјави Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…