Тимот на Фенербахче за кој настапува нашиот Елиф Елмас не игра според очекувањата и на големо се пишува за отказ на Филип Куоку.
Турскиот гигант бележи катастрофални резултати и се наоѓа на дури 15-тата позиција на табелата во првенството и поради тоа се очекува Коку да би отпуштен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Лигата на Европа доживеаа катастрофален пораз на Максимир во првото коло кога Динамо ги декласираше со 4:1, а во второто малку го поправија впечатокот со победата против Спартак Трнава на домашен терен (2:0).
Како потенцијални кандидати претходно во медиумите се споменуваа Роберто Карлос и Арсен Венгер, а сега се појави и името на Златко Далиќ, човекот кој ја одведе Хрватска до сребро на Мундијалот во Русија.
Далиќ има договор со Фудбалскиот сојуз на Хрватска до 2020 година, но не е исклучена можноста паралелно да ги води Фенербахче и репрезентацијата.
„Ако Коку добие отказ во следните денови, раководството на Фенербахче ќе отвори преговори со Златко Далиќ. Според нашите информации Далиќ сака да води некој клуб, но Фудбалскиот сојуз на Хрватска не сака да го пушти, но би можеле да прифатат идеја за водење на Фенербахче и репрезентацијата“, пишува труски „Фанатик“.