Дома Фудбал Елмас доби специјално признание од Наполи за успешната сезона 🎥

Елмас доби специјално признание од Наполи за успешната сезона 🎥

Репрезентативецот на Македонија Елиф Елмас сезоната во Серија А ја заврши со шест гола и три асистенции што е солиден учинок ако се знае дека влегуваше како „џокер“ од клупата за резерви.ж

Наполи го освои Скудетото во Италија на кое овој клуб чекаше цели 33 години, уште од генерацијата на Марадона. Клубот по завршувањето на сезоната одлучи да им се заблагодари на фудбалерите подарувајќи ѝм – златно стапало на Марадона.

Секако признание доби и македонскиот репрезентативец. Освен ова признание фудбалерите добија и премија од 3.5 милиони евра, како и специјален персонализиран дрес кој е пуштен во продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …