Дома Македонски спорт Елмас во врвот на желбите на Паоло Малдини за засилување на Милан!

Елмас во врвот на желбите на Паоло Малдини за засилување на Милан!

Ситуацијата со Елиф Елмас со доаѓањето на Лучијано Спалети драстично се промени на подобро, македонскиот фудбалер добива многу поголема минутажа, а сега наводно е на радарот и на Милан.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан го следи Елмас и „дијамантот“ е еден од приоритетите на спортскиот директор Паоло Малдини. Договорот на Елмас со Наполи е до 30. јуни 2025 година и според него заработува 1.5 милион евра, а вредноста на трансфер маркетот се проценува на 35 милиони евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Според информациите на медиумите во Италија Милан е спремен да ја плати таа сума. Сезонава Елмас во Серија А одигра 29 натпревари и постигна два гола, подели и пет асистенции. Посебно ефикасен Елиф беше во Лигата на Европа каде што на осум натпревари постигна четири гола и запиша асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…