Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Харви Елиот вчера влезе во историјата на клубот како најмлад фудбалер кој заиграл во стартните 11 во европските купови.
Во осминафиналето од Лигата на шампионите против Интер Клоп му даде шанса на младиот Елиот. Елиот од првата минута настапи со 18 години и 318 гдена со што стана најмладиот играч во историјата кој стартувал на некој натпревар од Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Елиот го сруши рекордот на Трент Александар-Арнолд кој беше стартер со 18 години и 354 дена против Спартак М во 2017 година.