По дебаклот на македонската фудбалска репрезентација на социјалните мрежи се огласи и поранешната македонската репрезентативка Афродита Салихи.
Македонија за првпат загуби на Островот откако претходно двапати ремизираше во 2002 и 2006.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Досега низ годините фудбалерките беа тие за потсмев кои запишуваа срамни порази, но сега тоа им се случи и на фудбалерите, па Салихи ги дочека своите „пет минути“ да им одговори.
„Е, нека видат како ни беше нас жените во Англија. ‘Ни било местото во кујна’. Ајде и вие на скаричка назад и пивце – ДОМАЌИНИ“, објави Салихи.
Досега најголем пораз на Македонија беше против Чешка во 2005 година кога бевме поразени со 6:1.