Скијачот во нордиски дисциплини, Ставре Јада ќе го носи македонското знаме на Свеченото отворање на Зимските олимписки игри.
Покрај Јада, Македонија на Олимпијадата во Пјонгчанг ќе ја претставуваат Антонио Ристевски во конкуренција алпско скијање, како и Викторија Тодоровска во крос кантри.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За таа цел, екипата на СПОРТСКИ.МК оствари контакт со најмладиот македонски олимпиец, Ставре Јада, и во продолжение ви го пренесуваме ексклузивното интервју со него.
СПОРТСКИ: Што значи за тебе на овие години остварувањето на А олимписка норма, и дали го очекуваше ваквиот епилог?
Голем успех е на само 19 години што остварив А норма за претстојните ОИ во Пјончанг, особено тоа е успех и за Македонија. Да бидам искрен, со оглед на напорните тренинзи кои ги имав во изминативе години, особено во изминатиот период го очекував ваквиот резултат, не е едноставно се разбира, но ете се случи.
СПОРТСКИ: Каде Јада ја оствари А олимписката норма?
-Овој резултат го остварив во Словачка, таму ја имав својата прва трка изминатата година која впрочем ми беше и најдобра со 94 фис поени, оваа година остварив 97 фис поени во една навистина морам да признаам силна конкуренција.
СПОРТСКИ: Јада, покрај нордиското скијање, активен си и во други дисциплини, како изгледа тоа?
-Точно, покрај нордиското скијање настапувам и во конкуренција биатлон, меѓутоа овојпат одлучивме заедно со мојот тренер да не ставаме голем акцент на таа дисциплина, да се фокусираме повеќе на нордиското скијање, со оглед на тоа дека во дисциплината биатлон е далеку потешко да се оствари норма потреба за Олимпијада. Разликата во тоа е пукањето кое е дел од биталонот, каде е потребна поголема концентрација и контрола над пушката.
СПОРТСКИ: Како Ставре Јада се носи со притисокот и тежината на менталниот склоп при трките на 10 километри?
-Таквата тежина е нормална и мора едноставно да се случи, во тој момент помислувам на она што го работам со мојот доктор.
За крај, какви се твоите очекувања за претставувањето во Пјончанг?
-Се надевам на најдоброто, особено се надевам на добро претставување на трката на 15 километри слободен стил која ќе се оствари на 16ти февруари
Инаку, Ставре Јада во изминатиов период мина и неколку балкански натпреварувања во нордиско скијање, како и подготовки со селекторот во Австрија непосредно пред стартот на ОИ во Пјонгчанг и екипата на СПОРТСКИ.МК , како и целата македонска јавност ќе биде сигурно поддршка за најмладиот македонски олимпиец.
Подготви: Ангела Веселиновска