Дома Останати Ексклузивни изјави за Еуроспорт- Хиршер ,Мирер и Феликс Нојројтер

Ексклузивни изјави за Еуроспорт- Хиршер ,Мирер и Феликс Нојројтер

По завршување на Олимпискиот слалом. Хиршер раскажува за ситуацијата на слалом терените, а Мирер за неговата победа, во ексклузивно интервју за „Евроспорт“.

Изјава на денот е пак онаа на Феликс Нојројтер, кој не учествуваше на Олимписките игри поради повреда на лигаменти. Феликс воедно беше и гостин коментатор на германскиот Еуроспорт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сензационалната победа на швеѓанецот Андре Мирер по грешката на Кристоферсен:
„Андре Мирер е Олимписки шампион, тоа е одлично. Многу сум среќен за него, ја заслужи победата. Години наназад имаше потешкотии, па ми е многу драго за успехот што го постигна денес.

Грешката на Хенрих Кристоферсен и Марсел Хиршер:
„И двајцата, Марсел Хиршер и Хенрик Кристоферсен потфрлија на слалом. Не можам ни да го замислам тоа. Тоа никогаш не се случило додека јас се натпреварував со нив.”

Изјава за Еуроспорт на Андре Мирер за неговата победа – златен медал во машки слалом
„Неверојатно е. Знаев дека имам голема шанса за победа на Олимпијадата, и знаев дека ќе биде тешка трка, но дадов сè од себе денес и чувството е навистина неверојатно да се излезе со победа”.

Фаворитот Марсел Хиршер потфрли во машкиот слалом
„Чувството беше лошо цела недела на слалом скијањата и ете, ова е конечниот резултат. Немав апсолутно никаква доверба во снегот и скијав многу лошо. Но, ова е дел од спортот – еден ден сте успешни, а другиот немате баш среќа.

Не сум разочаран, бидејќи знаев дека немам шанси за медал во слалом затоа што тренингот беше навистина лош. Но, по освојувањето на две златни медали воопшто немам никаков притисок. Се е во ред. Жал ми е -што не освоив медал во мојата примарна дисциплина, слалом, но од друга страна сепак ова беа многу успешни Олимписки игри.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…