Барселона наскоро би можела да се пофали со ново засилување.
Екипата на Барселона веќе ја заврши работата околу доведувањето на Френки Де Јонг, младиот играч пристигнува во Каталонија за сума од 75 милиони евра, а со бонусите неговиот трансфер може да достигне вредност и од 86 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа изгледа тоа нема да биде се кога во прашање е купувањето од Ајакс.
Младиот стопер на Ајакс, Матијас Де Лихт кој се поврзуваше со голем број европскио клубови изгледа го завршил својот трансфер во редовите на Барселона. За Де Лихт на големо се пишуваше дека е блиску до Јувентус, но сега каталонското радио пренесува ексклузивна вест во која тврди Де Лихт ќе потпише за Барселона.
? El futur de De Ligt. @orioldomenech diu al @ClubMitjanit que a Holanda "donen per fet" que fitxarà per al Barça i que el club blaugrana "traurà els diners d'on sigui" https://t.co/cuVVBGa4C2
— Catalunya Ràdio (@CatalunyaRadio) March 12, 2019
Овој медиум ја открива и сумата која Барселона наводно ќе ја плати за неговите услуги, а таа изнесува 70 милиони евра.
Де Лихт е капитен на Ајакс и освен како што споменавме со Јувентус се поврзуваше со ПСЖ, Манчестер Сити, Баерн, Атлетико Мадрид…Меѓутоа на крајот изгледа Каталонците ја добиле трката.
Станува збор за фудбалер кој има само 19 години, а зад себе веќе има 102 официјални натпревари за Ајакс, додаде и 13 настапи за репрезентацијата.
Доколку оваа вест се покаже како точна значи дека Барселона за Де Јонг и Де Лихт на Ајакс ќе му плати сума од 145 милиони евра (бонусите не пресметани).