Доведувањето на Андре Гомес за Барселона се покажа како пропадната инвестиција.
Португаслкиот фудбалер на „Камп Ноу“ пристигна летото 2016. година од Валенсија, се очекуваше дека ќе биде засилување, но во меѓувреме стана едно од најголемите разочарувања кога станува збор за трансферите. Поради тоа, Барселона минатото лето го испрати на позајмица во Премиер лигата, односно во Евертон, а по завршувањегто на сезоната планира и да целосно да го продаде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Барселона се свесни дека кариерата на Гомес е во пад и дека ќе мораат да се соочат со влегување во минус, а последните информации кои доаѓаат од Шпанија, велат дека Каталонците се задоволни и со 20 милиони евра, што е двојно помалку во однос на сумата за која го доведоа. Тој износ се спремни да го платат неколку клубови, вклучувајќи и Евертон во кој Гомес денеска е редовен член, а интерес покажаа и италијанските клубови Интер, Лацио и Рома.
Пред да пристигне во Барселона, 25-годишниот Гомес играше за Валенсија и Бенфика.